СДСМ: Вељаноски ја разобличи намерата на ВМРО-ДПМНЕ да избега од избори
Опозициската СДСМ реагираше на соопштението на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во кое се вели дека седницата за распуштање на парламентот ќе се одржи на 17-ти октомври (понеделник) и тоа ќе биде втора точка на дневен ред по донесувањето на Буџетот за 2017-та.
„СДСМ достави кристално јасна иницијатива за распуштање на Собранието на Македонија веднаш“, реагираат од СДСМ.
„Токму Трајко Вељаноски, со едно соопштение, ја разобличи провидната намера на ВМРО-ДПМНЕ да го избегне распуштањето на Собранието и да избега од избори на 11 декември.
Пратеничката група на СДСМ и коалиционите партнери ќе присуствуваат и ќе гласаат за распуштање на Собранието денеска во термин во којшто претседателот на Собранието ќе ја закаже седницата“, велат од СДСМ.
Од СДСМ доставија и писмо испратено од Вељаноски до пратениците во Собранието денеска, а во кое стои дека рокот за поднесување амандмани за Буџетот е до петок.

