Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ вели дека рефендумот ќе биде обврзувачки

СДСМ вели дека рефендумот ќе биде обврзувачки

СДСМ издаде соопштение како реакција на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски, кој истакна дека тој и неговата партија нема да го поддржат референдумот за промена на името доколку не биде обврзувачки, односно доколку е консултативен. За СДСМ, како што велат во прогласот,референдумот треба да има обврзувачки карактер.

„Договорот не е капитулација туку значаен, историски успех за народ кој што бил негиран и оспоруван. Македонскиот идентитет не беше „стекнато право„ како што сега тврди Мицкоски. Дури и неговиот претходник, Никола Груевски, во повеќе јавни настапи тврдеше дека Грција никогаш нема да прифати македонски јазик и македонска нација. Договорот токму тоа го обезбедува. Мицкоски,  граѓаните ќе го имаат последниот збор. Волјата на граѓаните на референдум е обврзувачка“.


Слично

Поврзани вести