СДСМ утре ќе го оддржи 20-тиот Конгрес
Овој конгрес ќе биде програмски, односно делегатите треба да ја усвојат изборната програма на партијата за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во недела ќе го одржи 20-от Конгрес на партијата. Конгресот ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 12 часот.
По работниот дел, Конгресот повторно ќе биде отворен за медиумите кога повторно ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објавувајќи ги заклучоците и одлуките на делегатите.
Говорите и обраќањата во првиот дел од Конгресот ќе бидат отворени за медиумите и јавноста, па ќе следува затворен работен дел, а Конгресот повторно ќе биде отворен за јавност кога повторно ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објавувајќи ги заклучоците и одлуките на делегатите.
Овој конгрес ќе биде програмски, односно делегатите треба да ја усвојат изборната програма на партијата за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.
