Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: УЈП не побарал стечај за фирмата сопственик на дискотеката „Пулс“, а сметката им била блокирана 217 дена

СДСМ: УЈП не побарал стечај за фирмата сопственик на дискотеката „Пулс“, а сметката им била блокирана 217 дена

Пратеникот Мартин Костовски денеска на прес-конференција, покажувајќи документи, во име на СДСМ реторички го запраша УЈП зошто не побарал стечај за фирмата сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, иако сметката била блокирана, како што велат од партијата, 217 дена.

„Според податоците објавени во Бизнис мрежа, фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена. Евидентирана блокада, која сѐ уште не е тргната, била заведена на 16 август 2024 година.

И тука се поставува суштинското прашање: Дали Управата за јавни приходи требала да го затвори клубот уште во септември 2024 година? Според член 117 од Законот за стечај, ако фирма има блокирана сметка повеќе од 45 дена и не исплаќа плати и придонеси подолг период, УЈП има законска обврска да поднесе барање за отворање стечајна постапка и да предложи мерки за обезбедување на имотот.

Ако блокадада била заведена на 16 август 2024 година, тоа значи дека веќе до крајот на септември Управата требала да постапи, а клубот „Пулс“ требал да биде затворен.Но, клубот продолжил да работи. И 59 животи беа загубени“, рече Костовски.

Од СДСМ дополнително прашуваат кој во УЈП бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено и далси некој ја стопирал постапката.



Слично

Поврзани вести