Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСM удри и по Деспотовски: Квислинг и петоколонаш на ВМРО-ДПМНЕ

СДСM удри и по Деспотовски: Квислинг и петоколонаш на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ го нападна преку соопштение за јавност својот поранешен истакнат член и функционер Јован Деспотовски, нарекувајќи го „квислинг и петоколонаш на власта“.

Ваквата реакција следува откако поранешниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони го критикуваше раководството на опозициската партија во телевизиска емисија.Деспотовски е уште еден поранешен функционер во низата за кого СДСМ упати јавни обвинувања по Петре Шилегов и Саша Богдановиќ.
„Како класичен петоколонаш и квислинг Деспотовски продолжи со нападите на СДСМ. Јавноста и членовите гледаат дека ова е продолжение на планот на предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ за напади и уривање на СДСМ.

И тоа не во било кој момент, туку како петоколона, токму кога партијата се стабилизираше, напредуваше и доби голема поддршка од јавноста за борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ и договорите „мигранти за пари“ .

Додека ние ги разоткриваме криминалните шеми на ВМРО-ЗНАМ, тој со нив прави договор против СДСМ Деспотовски прави дил со оние што сакаат да ја срушат СДСМ, повторно заради личен интерес“, реагира СДСМ.


Слично

Поврзани вести