Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ убедени дека граѓаните ќе кажат ДА за референдумот

СДСМ убедени дека граѓаните ќе кажат ДА за референдумот

Со полноправно членство во НАТО и ЕУ Македонија ја обезбедува својата иднина, со зајакнат и признаен македонски идентитет. Членството во ЕУ и НАТО немаат алтернатива“, посочуваат утринава од владеачката партија.

Од СДСМ велат дека на 30 септември Македонија има вистинска, историска шанса за напредок, и оттука го повикаа  Христијан Мицкоски  и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат по прашањето за референдумот.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат, дали се за иднина или се враќање во црното минато на криминал, дали се интеграција или за изолација.

На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет“, соопштуваат од СДСМ.

Граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина-завршува реченицата во соопштението на партијата чиј лидер е премиерот Заев.

Слично

Поврзани вести