Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ тврди ВМРО-ДПМНЕ го „кочи“ Собранието, а тие бараат да се откажат од Тиранската платформа

СДСМ тврди ВМРО-ДПМНЕ го „кочи“ Собранието, а  тие бараат да се откажат од Тиранската платформа

Во Собранието пратениците продолжуваат со реплики и контрареплики. 

Пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски кажа дека поради тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја кочат работата на Собранието, граѓаните уште плаќаат радиодифузна такса и скапа струја. 

„Учениците повторно ќе полагаат екстерно, се уште се плаќа скапа електрична енергија, а таа ќе беше намалена“ - рече Манчевски. 

Радмила Шеќеринска од СДСМ кажа дека додека Никола Груевски не е во Собранието, неговите сопартијци го бранат и се срамат. 

Пратеникот од  ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски во процедурална забелешка од собраниската говорница му посочи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев еднаш да собере храброст и да излезе пред македонската јавност и да признае дека ја прифатил Тиранската платформа. 

Тој им порача на СДСМ да престанат да лажат и наместо кукавички да се обидуваат да ја протнат Тиранската платформа да излезат со неа на нови избори и граѓаните нека кажат дали се за оваа платформа или не.

Низа забелешки имаше и за претседавачот Трајко Вељаноски за начинот на кој ја води седницата и дозволува популистички говори. 

Слично

Поврзани вести