Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ со невистини и интерпелации ги кочи реформите

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ со невистини и интерпелации ги кочи реформите

Од СДСМ реагираат дека со неоснованите и неиздржани интерпелации ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против повисока минимална плата, против решавањето на проблемот со стечајните работници, против зголемена поддршка за домашните претпријатија, против реновирани училишта, против нови социјални центри и друго. 

Тврдат дека залудни се обидите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни иницијативи за интерпелации да ги кочат реформите.

Од СДСМ велат дека особено што изнесените невистини од ВМРО-ДПМНЕ се официјално и фактички демантирани: Стратегијата нема обврзувачки карактер, Македонија е транзитна земја за бегалците, што значи нема да остануваат во земјава и нема да се даваат државјанства за бегалци.

„Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да работат на спроведување на реформите што носат повисока минималната плата, поголема помош за претпријатјата, повеќе пари кај граѓаните, решавање на проблемот со стечајните работници. Македонија оди напред. Поднесената интерпелација за министерката за труд и социјална политика, наводно поради Нацрт –Стратегијата за бегалци, што патем веќе еднаш била донесена во 2008 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, е врв на апсурдноста и лицемерието на опозициската партија“- се вели во соопштението од партијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ покренаа процедура за интерпелација на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска поради планираната стратегија за справување со мигранти на територија на Република Македонија. 

Слично

Поврзани вести