СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ го минира датумот за избори
Владеачката партија се обидува да го минира датумот за избори, тврадт од опозициската СДСМ.
Од партијата на Заев денеска ја обвинија партијата на Никола Груевски дека да ја извртуваат вистината и аргументите кои покажуваат дека токму тие по секоја цена се обидуваат да избегаат од избори.
Како доказ за тоа, од СДСМ ги наведуваат опструкциите кон Специјалното јавно онвинителство со цел да пропадне Договорот од Пржино.
„Пратениците и послушниците на обвинетиот Груевски решија да носат буџет за наредната година со цел да испровоцираат нов црн понеделник. ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер ДУИ се уште не го решаваат отвореното прашање за прекројување на изборните единици“, велат од СДСМ.
Опозицијата останува цврсто на ставот дека дека мора да има избори на 11 декември.
