СДСМ тврди дека Груевски има унгарски и српски пасош
Од СДСМ велат дека екс премиерот Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош.
„Ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски. Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за екстрадиција е намерно оставање простор на Никола Груевски и негова заштита. Додека други држави, како Полска на пример, постапуваат брзо, Мицкоски му купува време на Груевски. Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не прват. Не сакаат да го вратат Груевски во Македонија и не сакаат да одговара пред правдата. Ова е класична заштита на Никола Груевски од страна на Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.
Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека ако сега поднесат барање за екстрадиција, ќе бидат одбиени и рече дека испорачување е можно ако биде укинат азилот.Прашањето за екстрадицијата повторно се актуелизира по изјавите на новиот унгарски премиер Петар Маѓар, кој по изборната победа во Унгарија посочи дека државата нема да биде засолниште на пребегани криминалци.
Полска веќе испрати две писма до Будимпешта во кои бара екстрадиција на пребеганите политичари. Станува збор за бегалците Збигњев Зиобро и Марчин Романовски.