Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Телохранителот на Мицкоски ослободен од казна

СДСМ: Телохранителот на Мицкоски ослободен од казна

Tелохранителот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во февруари натепа полицаец пред ноќен клуб во Скопје,минал без казна иако за него министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тогаш најави кривична пријава и суспензија, тврди СДСМ.

Телохранителот, воедно и полициски службеник кој не бил на должност, нападна полицаец пред кафе бар во Скопје, а опозицијата тогаш реагираше дека попречувал акција за пронаоѓање дрога. Тошковски тогаш обелодени дека Секторот за внатрешна контрола ја завршил постапката, но и дека припадниците на МВР ја завршиле акцијата пред нападот од телохранителот, спротивно на претходните извештаи дека телохранителот ја спречил полициската акција.

„Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога.

Беше поведена дисциплинска постапка и комисија а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави. Иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободува бодигардот на Мицкоски од одговорност.

За блиските луѓе на Мицкоски се е дозволено, дури и да тепаат полицајци. Го повикуваме Панче Тошковски да излезе пред јавноста и да одговори? Дали оваа срамна одлука е донесена под директен налог на Христијан Мицкоски? Која е вистинската причина за која е ослободен Бисовски? Доколку Тошковски не одговори, СДСМ ќе ги даде одговорите пред јавноста“, соопшти Богданка Кузевска од СДСМ.


Слично

Поврзани вести