СДСМ со жена кандидат за градоначалник ќе ја бара довербата во Арачиново
Митие Халими ќе биде кандидат за градоначалник на општина Арачиново од СДСМ, изјави денеска лидерот на СДСМ, и премиер Зоран Заев, при посета на оваа општина.
„Ние во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општествово. Ќе настапиме со жена Албанка, а тоа е Милитие Халими, човек кој со семејството потекнува од овде. Се надевам дека ќе бидеме доволно примамливи да ја добие поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново“– изјави Заев.
Тој кажа и дека 70% од кандидатите на СДСМ за градоначалници веќе се утврдени, а уште се во тек преговорите со актуелните, но и потенцијални коалициони партнери.
Слично
