Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со свој протокол: Ќе правиме собири до 50 луѓе на отворено и до 30 на затворено

СДСМ со свој протокол: Ќе правиме собири до 50 луѓе на отворено и до 30 на затворено

Коста Петров, потпретседателот на СДСМ, ги објави основните заштитни мерки на владеачката партија во текот на изборната кампања, во која нема да има собири со повеќе од 50 луѓе на отворено и 30 на затворено, а исто така и нема да има активности од „врата до врата“.

- Во овие услови на глобална пандемија на коронавирусот и борбата со опасниот и непредвидлив непријател ве уверувам дека ќе одржиме безбедна кампања и 100 процентно безбедно гласање на 15 јули. Нашата кампања ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања. До граѓаните ќе се обраќаме на два начини со онлајн дигитални активности и тоа: со видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери. Другата група активности се офлајн и опфаќаат, билборди, печатени програми и летоци , информативно штандови, прес конференции, како и средби со граѓаните со ограничен публика од 50 граѓани на отворен простор и 30 во затворен простор Сите настани ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани., рече Петров.

Според протоколот кој го објави СДСМ, сите присутни на јавен настан или состанок мора да носат заштитна маска, мора редовно да ги мијат рацете или да вршат дезинфекција, која ќе ја обезбеди организаторот, да одржуваат растојание од 2 метри  Околу локацијата на секој јавен настан ќе бидат поставени КОВИД-19 заштитни станици – пултови, на кои ќе има средства за дезинфекција и маски  На јавните настани е забрането внесување на храна и пијалаци.  Подготовката на настаните ќе се одвива онлајн, за да се избегне непотребно физичко групирање. 

Инаку техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска ја повика опозицијата да даде личен пример до гласачите како треба да се однесуваат и да се заштитат себе си пред одржувањето на парламентарните избори на 15 јули.

„Побитно е за политичките субјекти да ја испратат пораката дека мерките се почитуваат. Значи, најважно е оние што одат на кампањата да не ги гледаат на фотографиите, како што видов пред некој ден на некои митинзи на опозициските партии, каде сите се прегрнуваат заедно, без маски. Со ова, тие испраќаат порака дека не треба да ги почитуваат мерките. Одговорноста на политичарите е поголема во оваа земја, затоа што ако сакаме сите други да ги почитуваат мерките, ние мора да бидеме први што ќе го сториме тоа “, рече Спасовски при денешната посета на Прилеп

Слично

Поврзани вести