Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со соопштение по повод последниот работен ден на Иванов

СДСМ со соопштение по повод последниот работен ден на Иванов

После 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата. Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција, пишува СДСМ во денешното соопштение.

„Со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните.

Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и правниот поредок.

Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ”, се вели во соопштението.

Според партијата, граѓаните избрале напредок и напредокот продолжува.


Слично

Поврзани вести