Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со реакција: Лаги во 3-д анимации на Груевски за Клинички

СДСМ со реакција: Лаги во 3-д анимации на Груевски за Клинички

По денешната промоција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од страна на министерот за Здравство, Никола Тодоров, со реакција се јавија од опозициската СДСМ. „Обвинетиот Никола Груевски упорно лаже за нов Клинички центар во Скопје. 2016 година истекува, а од Клиничкиот центар во Скопје се уште постојат само лагите во 3-д анимации на Никола Груевски. Груевски денеска ја повтори неговата лага преку Фејсбук“, велат од партијата на Зоран Заев.

- За овој неодговорен човек, доскорешен премиер, оваа лага е добра вест за граѓаните на Скопје и на Македонија. Тоа што граѓаните немаат нов Клинички центар и што две ипол години се мачат да поминуваат низ дупки каде што застана изградбата уште не почната. Граѓаните се грижат за своето здравје и затоа на 11 декември ќе ги казнат Никола Груевски и неговите соработници за тендер политиките во здравството, велат уште од СДСМ.


Слично

Поврзани вести