Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Со протестот Мицкоски докажува дека се за одбрана на насилство

СДСМ: Со протестот Мицкоски докажува дека се за одбрана на насилство

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски упорно стои на браникот на криминалот и криминалците. Со денешниот протест тие уште еднаш докажуваат дека се за одбрана на насилство, за одбрана на обидите за државен удар, за одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, стои во соопштението СДСМ

„Зад протестот за одбрана на лица осудени за тероризам, кои на крвавиот четврток, на 27 април 2017 инспирирани од ВМРО-ДПМНЕ, жедни за крв, со оружје упаднаа во Собранието, стои нивниот почесен претседател, осудениот бегалец од правдата Никола Груевски. Христијан Мицкоски е само извршител на волјата на неговиот ментор од Будимпешта. Единствена задача на Мицкоски е да го одбрани криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему ниту му е до граѓаните ниту до државата, велат од СДСМ.

Денеска во 11 часот, почнувајќи од Владата завршувајќи со марш до Собранието, ќе се одржи протест, во знак на поддршка за осудените за настаните од 27 април во Собранието. За протестот ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка.

Слично

Поврзани вести