Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со проект за градски железнички транспорт во Скопје

СДСМ со проект за градски железнички транспорт во Скопје

Опозициската СДСМ денеска претстави проект со кој предлага Скопје да добие градски и приградски железнички превоз.

Според нив со овој вид на транспорт во главниот град би се обезбедил многу побрз и посигурен приградски транспорт за оние патници кои се во близина на пругата, а освен градот Скопје, ќе бидат опфатени и 26 села од неговата околина. 

Проектот би се постигнал преку четири краци во и околу главниот град кои би се вкрстувале во скопската железничка станица.

„Најпрвин, потребно е да се поврзе аеродромот со железничкиот превоз. Ова може да се постигне со изградба на нов крак од пруга во растојание од5 километри,одМиладиновци до Аеродромот Петровец, како продолжение на кракот Миладиновци-Скопје.

Со изградба на овој крак за првпат би се поврзал скопскиот аеродром, со патничката железничката станица Скопје, како и со меѓуградската автобуска станица. Од тука преку другите краци ќе може побрзо да се стигне и до другите приградски места околу Скопје.

Другите три краци кои би се вкрстувале во патничката железничка станица Скопје се следните:

1.Зелениково – Драчево – Лисиче – 11 Октомври – Железничка станица (од 24.5 километри)

2.Миладиновци – Илинден – Маџари – Железничка станица (од 18.7 километри)

3.Железничка станица – Пивара – Железара – Скопје Север – Ѓорче Петров – Сарај – Радуша (од 32.6 километри)“, го соопшти проектот Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

За ова, како што велат од опозицијата е потребно да се направат дополнителни 23 стојалишта, покрај сегашните 16, додека пак возниот ред би се прилагодил на потребите, а потребно би било и да се набават и мали едноделни гарнитури со капацитет од околу 60 места за седење и нови видови билети за комбиниран превоз.

Реализацијата на еден ваков проект би ги дала следните резултати - би се намалил градскиот метеж како и бучавата и загадувањето на воздухот, а граѓаните би заштедиле време и пари.

Слично

Поврзани вести