Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со пресврт во Охрид

СДСМ со пресврт во Охрид

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски според засега неофицијални партиски информации води во однос на неговиот против кандидат Митко Тилевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, доктор Стојаноски има предност од 1200 гласа пред Тилески што може да биде доволно за победа уште во првиот круг со што општина Охрид повторно ќе се врати во рацете на социјалдемократите.

Меѓу двајцата кандидати треба да се бара наследник на Никола Бакрачевски, кој исто како Тилевски е доктор и кратко премина во политиката водејќи ја локалната власт во Охрид. 


Слично

Поврзани вести