СДСМ со последно предупредување до Иванов-да даде мандат!
Партијата на Заев кој чека мандат од шефот на државата денеска упати последно предупредување до Иванов.
СДСМ бара Иванов да дејствува бидејќи од денес се доведени во прашање егзистенциите на вработени во општинските администрации и сервиси кои се под ризик да не добиваат плати и надоместоци, а граѓаните да не ги добиваат потребните општински услуги бидејќи денес завршува мандатот на градоначалниците.
Од СДСМ порачуваат дека парламентарното мнозинство нема да дозволи парализа на државата и дека ќе биде избрана и новата реформска Влада, а ќе има и законски измени за утврдување на датумот за локалните избори.
Оттаму дополнуваат дека врвен интерес на државата е нормализација на земјата и евро-атлантските перспективи.
Слично
