Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ СО ОТЧЕТ: Колку пари потроши партијата на премиерот Заев за локалните избори?

СДСМ СО ОТЧЕТ: Колку пари потроши партијата на премиерот Заев за локалните избори?

Водејќи се од воспоставениот принцип на отчетност, одговорност и транспарентност, од владеачката партија ја информираа јавноста колку пари се потрошени за реклами за време на двата круга од локалните избори.

Во рамки на платената политичка програма, на националните телевизии, СДСМ и коалицијата застапена е со:

Вкупно 49.899 секунди платена политичка програма во двата изборни круга на Телевизија 24, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало:73.602 евра.

Вкупно 35.463 секунди во двата изборни круга на Канал 5 што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 106.389 евра.

Вкупно 32.974 секунди во двата круга на Телевизија Сител, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 155.637 евра.

Вкупно 27.447 секунди платена политичка прорама во двата изборни круга на Телевизија Алсат М, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 71.249 евра.

Вкупно 19.825 секунди платена политичка програма во двата круга на Телевизија Телма, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 93.578 евра.

СДСМ и коалицијата се рекламираше и на неколку регионални и локални телевиизии, радио станици, интернет портали и печатени медиуми.

Од СДСМ напоменуваат дека информациите што се појавија во одредени медиуми околу издвоените средства за медиумско рекламирање на таа партија во предизборната кампања се однесуваат на доспеани и платени фактури до периодот за којшто се однесува поднесениот финансиски извештај доставен согласно законските прописи.

Вкупните трошоци за време на кампањата како и за платената политичка програма, согласно законот, ќе бидат наведени во финанскиот извештај којшто ќе го опфаќа целиот период, до завршување на кампањата односно до затворање на сметката.

Во сличен сооднос, велат дека „СДСМ и коалицијата емитуваше платена политичка програма на националните, регионалните и локалните телевизии, како и на радијата, интернет порталите и печатените медиуми и за време на последните парламентарни избори во 2016 година“ .

Слично

Поврзани вести