СДСМ со фотографија: Мицкоски седи со уапсен за дрога од 120.000 евра
СДСМ објави фотографија за која тврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е седнат до скоро уапсено лице од Грчец за дрога вредна 120.000 евра. На објавената фотографија е и пратеникот Антонијо Милошоски, а владеачката партија соопшти дека уапсениот бил фатен од полицијата во акција на 3 декември.
Вчера претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, било фатено од МВР како употребува наркотични средства во угостителски објект.
Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид и во најитен рок ќе биде исклучен од партијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
