Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ со црвено бела кампања

СДСМ со црвено бела кампања

СДСМ почнува со брендирана кампања насловена „На прав пат“. Трибините кои ќе бидат клучен дел од кампањата која ќе биде обоена во црвено бела боја почнуваат од сабота од Штип. Ќе има десет централни трибини, а на 20 октомври е во Скопје

Дополнително како што информираат оттаму ќе стартува и кампања „Врата до врата“.

Ова е дел од предизборната кампања иако во СДСМ велат дека се прави порано затоа што вака се запазува концептот партијата да е блиску до граѓаните. Велат дека и досега имале маалски средби на кои се брифирале за темите кои ги мачат граѓаните.

Дополнително по кампањите кои сега ќе се прават ќе се составува и новата изборна рограма. Засега нема точен процент од тоа колку од старата изборна програма е реализирана. Партијата нарачала и анкети.

 

Слично

Поврзани вести