Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Со Чулев се исполнети условите предлогот да оди на гласање

СДСМ: Со Чулев се исполнети условите предлогот да оди на гласање

Oд СДСМ велат дека е прифатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер во Министерството за внатрешни работи.

Додаваат дека Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми.

„Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април“, соопштија од СДСМ.

Техничката влада во Собранието ќе се гласа  утре. 

ВМРО-ДПМНЕ го предлага Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање како нов предлог за прв човек во МВР.

Тој е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.

Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.

Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.

Слично

Поврзани вести