Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Следува процес на формирање Влада

СДСМ: Следува процес на формирање Влада

Упатуваме на потребата од зрелост од сите политички субјекти, институции, вработени и поединци, според законските обврски, личната одговорност и согласно државните интереси да се овозможи формирањето на новата Влада, соопштија утрово од СДСМ.

Писмото од новиот собраниски претседстел, Талат Џафери, до Ѓорге Иванов, велат од партијата на Заев, е обврска за Иванов да ги стави на страна личните интереси за бегство од правдата на Никола Груевски и да постапи според уставната обврска кон граѓаните на Република Македонија. 

Од кабинетот на СДСМ велат дека се  потребни стабилност и реформи за да исчекори кон евро-атлантските интеграции и да обезбеди квалитетен живот за граѓаните.

Оттаму посочија дека следи реафирмација на владината Програма што ја штити унитарноста на државата и обезбедува правда и живот за сите граѓани а секое попречување на трансферот на власта и секое незаконско делување е казниво според постоечките закони.

Слично

Поврзани вести