Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери

Антикопцискиот тим на СДСМ, активно продолжува со објавување на криминалот на ДПМНЕ и владата на Мицкоски пред Конгресот на старата банда. Видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните преку блиски луѓе и посредници. Видовме како се краде народот преку наместени тендери. Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како „чисти“? Сите патишта водат до Ивица Томовски и СОЗР“, вели на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ, член на Централниот одбор на СДСМ и генерален секратар во оставка.

„Не чисти СОЗР, „чисти“ семејната фирма на Томовски. Попрецизно кажано, ги чистат парите на граѓаните и тоа во милиони евра. Внимавајте: Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери. Тоа се речиси 5,5 милиони евра! Пари на граѓаните! Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. Само оваа 2025 година, фирмата добила 10 тендери од речиси половина милиони евра. Сопственик на Сити логистик во мометнот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата, Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат“, вели тој.
Најави и дека наскоро ќе објавеле каде завршуваат парите.

„А каде завршуваат парите освен во џебовите на фамилијата Томовски: откриваме наскоро во наредните бомби. Ние само што почнавме, а нашата Нова сила нашиот АКТ работи со полна пареа. Граѓаните нè поддржуваат, сите се дел од еден тим, еден фронт. Сите ние, граѓаните на оваа земја, сме против корупцијата. Работата не завршена“, рече Димитријевиќ.

Слично

Поврзани вести