Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ се сели во хотел, ВМРО- ДПМНЕ останува во својата палата

СДСМ се сели во хотел, ВМРО- ДПМНЕ останува во својата палата

Не е новина, па и на овие избори, каде двете поголеми партии ќе ги дочекаат изборните резултати од гласањето во недела. Приврзаниците и сопартијци на Блерим Река сепак за исходот од гласањето ќе дознаат во штабот на партијата Беса во трговскиот центар Мавровка во Скопје. 

Но првите луѓе на СДСМ, Стево Пендаровски и партиските членови изборниот резултат ќе го чекаат во хотел Хилтон во Скопје. Тој е најнов хотел во градот и еден од најелитните.

ВМРО-ДПМНЕ пак, иако првично изгледаше дека ќе се соберат во Домот на АРМ, каде што во последните години ги дознаваа резултатите од изборите, тие ќе останат во своето партиско седиште - палатата „Христо Татарчев“

Слично

Поврзани вести