Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ се повлекува од комисиската расправа, Филипче тврди дека Владата ја турка државата во „должничко ропство“

СДСМ се повлекува од комисиската расправа, Филипче тврди дека Владата ја турка државата во „должничко ропство“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека пратеничката група на партијата се повлекува од комисиската расправа поврзана со новото задолжување на државата.

Филипче истакна дека Владата предводена од Христијан Мицкоски планира задолжување од 260 милиони евра со висока каматна стапка, што според него не се користи за подобрување на состојбите во државата, туку завршува во партиски тендери и фирми блиски до власта.

„Државниот долг за две години е зголемен за околу две милијарди евра, а Владата нема јасна економска стратегија“, додаде Филипче.

Тој дополнително го обвини претседателот на Собранието, Африм Гаши, за кршење на Деловникот при закажување седници на Комисијата за финансирање и буџет, која ја води пратеничката Сања Лукаревска.

Од СДСМ најавија дека ќе поднесат кривична пријава и интерпелација против Гаши.


Слично

Поврзани вести