СДСМ се откажа од параментарните избори, нема најава за седница?
Од СДСМ се уште нема најава за кога ќе се одржи партиската седница на која треба да се донесе одлука дали владеачката партија ќе го прифати предизвикот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ќе се оди на предвремени параментарни избори заедно со претседателските.
Ова прашање требаше да се одлучи на последната седница изминатиот петок, односно пред осум дена, но решението се одложи поради наводно отсуство на одреден број на министри кои во моментот беа во странство.
И покрај најавите, Извршниот Одбор на СДСМ сѐ уште ја нема одржано седницата на која требаше да изгради став за ова прашање. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека „одолговлекувањето е смислена тактика на СДСМ“.
- Претпоставивме дека ваква ќе биде стратегијата на СДСМ и дека ќе се троши времето кое со закон е пропишано за одржување на парламентарни избори. После тоа ќе речат нема време и нема да имаме предвремени избори - изјави Мицкоски. Т
До 5-ти мај, кога се одржува вториот круг од претседателските избори, остануваат уште 80 дена. За да можеше да има „сто дена техничка влада“ по принципот на пржинската, како што инсистира Мицкоски, изборите требаше да бидат распишани десет дена пред истекот на јануари.
