СДСМ се откажа од „Хилтон“ за вториот круг претседателски избори
Раководството на СДСМ својот изборен штаб за вториот круг од претседателските избори ќе го пресели во своето партиско седиште на „Бихаќка“ откако во првиот круг резултатите од гласањето ги чекаше и објавуваше во новиот луксузен хотел „Хилтон“ во скопски Аеродром.
„Јавните настапи и изборните резултати од штабот на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, ќе бидат во седиштето на Социјалдемократскот сојуз на Македонија. Медија центарот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе биде отворен од 07.00 часот наутро (недела, 05.05.2019, во салата за прес конференции)“, потврдија од СДСМ.
Штабот на ВМРО-ДПМНЕ со својот кандидат Гордана Силјановска Давкова за време на првиот круг на 21 април остана во партиското седиште - платата „Христо Татарчев“.
