Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: РЕК Битола не работи зошто се запалил неисчистениот команден ормар

СДСМ: РЕК Битола не работи зошто се запалил неисчистениот команден ормар

СДСМ со соопштение до јавноста тврди дека РЕК Битола не работи поради евентуална саботажа, туку поради тоа што не бил исчистен командниот ормар пред да се запали.

„Денес, сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување, цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените.

Може слободно да заклучиме дека токму поради неспособноста на раководството на ЕСМ, оставка си даде и претседателот на надзорниот одбор на ЕСМ и директорот на правниот сектор, не сакаат да бидат дел од бродот што тоне.

Ги повикуваме и останатите членови на Управниот Одбор на чело со Лазо Узунчев да бидат совесни и разумни и навремено да си поднесат оставки, да не го упропастуваат ЕСМ, бидејќи за истото ќе одговараат.“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека до вчера се правеле и неуспешни обиди за рестартирање на РЕК Осломеј.


Слично

Поврзани вести