Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Разликите се мали, гласовите уште се бројат!

СДСМ: Разликите се мали, гласовите уште се бројат!

Опозицијата попладнево на прес конференција посочи дека засега сите опции остануваат отворени.

Како што соопшти Дамјан Манчевски, гласовите се уште се пребројуваат и затоа нема проекции.

„Резултатот потврдува само едно: Режимот на Груевски е поразен. И самите сте сведоци дека не може да кажеме колкав е конечниот број на мандати затоа што премногу се мали разликите во премногу места, ги собираме записниците од терен, може да има промена на проекциите“ вели Манчевски.

Тој додаде дека ја имаат апсолутната бројка на гласови но таа не е важна затоа што има некои разлики во записниците особено во оригиналните, така што мора да се почека да завршат аналитичките процеси.


Слично

Поврзани вести