Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Расте индустриското производство, позитивен сигнал

СДСМ: Расте индустриското производство, позитивен сигнал

Планот за економски раст и реализираните мерки на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Според официјалните податоци, индустриското производство во јануари 2018 бележи раст од 8.4 отсто во споредба со јануари 2017 година, велат од СДСМ.

„Растот на индустриското производство ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, претставува позитивен сигнал за стопанството и истовремено потврдува дека економијата во Македонија се движи во добар правец.

Преку одговорното управување со јавните финансии, кратењето на непродуктивните трошоци, намалувањето на јавниот и државниот долг, обезбедувањето повеќе пари за граѓаните и стопанството, Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата и ја поставува на здрави и одржливи основи, се наведува во соопштението на СДСМ.


Слично

Поврзани вести