Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ против нови избори - Мирен и брз трансфер на власта

СДСМ против нови избори - Мирен и брз трансфер на власта

СДСМ се противи на идејата за нови избори кои ги предложува ВМРО-ДПМНЕ, а наместо тоа треба брз и мирен трансфер на власта.

Демократските процеси се почнати и мнозинската волја на граѓаните преточена во 67 пратенички мандати мора што побрзо да се реализира со формирање нова реформска влада и независни демократски институции, наведуваат СДСМ во соопштение денеска во која оценуваат дека барањата за нови избори се обид да се оддолжи и продлабочи политичката криза.

- Ако сега не се почитува мнозинската волја на граѓаните, ни по нив нема да се почитува,  наведуваат од СДСМ и додаваат дека јасна е определбата на граѓаните и дека треба да се дозволи брз и мирен трансфер на власта во Македонија.

Граѓаните јасно се изјаснија дека сакаат интеграција, а не изолација на Македонија, како што сака раководство на ВМРО-ДПМНЕ за да продолжи со криминалите, личното богатење и да не одговара за последиците, сметаат од СДСМ.


Слично

Поврзани вести