Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ПО 18 ГОДИНИ: порача ВМРО-ДПМНЕ да си бара ново раководство

СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ПО 18 ГОДИНИ: порача ВМРО-ДПМНЕ да си бара ново раководство

Љупчо Николовски прогласи победа на СДСМ.

Генералниот скретар на партијата рече дека на 75 отсто обработени податоци, од кристално чист изборен ден, јасно е дека СДСМ победува, и продолжуваатповеќе и подобро.

„ВМРО-ДПМНЕ и скапата бела палата ќе треба да си бараат ново раководство.

Коалицијата, според него, води со два мандати, а трендот е растечки и ги добиваат и новите информции.

„Имам чест да прогласам победа на мојот СДСМ и на оваа коалиција.

Посе цели 18 години прогласуваме победа на парламентарни избори со сигурно водство. Во првата изборна единица водиме со еден пратеник, со можност за зголемување на бројот на пратеници, и со изедначена битка 10 спрема 10 во третата изборна единица, и водство во шеста изборна единица. 

Сигурна победа, Битола, над 1000 гласа, куманово над 3,500 гласа, Центар над 4.000 гласа и други многу општини“, рече Николовски.

Рече дека граѓаните избрале сигурност и го казниле ВМРО-ДПМНЕ зашто сакал да добие опасност.  

Слично

Поврзани вести