СДСМ прифатила претседател на комисијата од ВМРО ДПМНЕ за да се откочат процесите
Заврши
координацијата во Собранието и пратениците постигнаа согласност
за составот на Комисијата и за претседател на Комисијата.
Од опозицијата тврдат дека го прифатиле неразумното барање од нивниот ривал со образложение и цел за да се „откочат процесите во Р.Македонија, да профункционираат демократските тенденции и се со цел ниту граѓаните ниту законодавниот дом да не бидат заложници на било кој политичар или политичка партија“.
На тој начин, како што соопшти Оливер Спасовски сакаат да го стават во функција Собранието на Р.Македонија како највисок претставнички дом на граѓаните на Р.Македонија.
„Сметам дека ова
е потребно и ова е добро заради тоа што најмногу штета трпат граѓаните на
Р.Македонија, најмногу штета трпи економијата. Да создадеме услови и да ги
откочиме можностите граѓаните, земјоделците, работниците даси ги остваруваат своите
права и ги добијат парите кои им следуваат како субвенции и на тој начин
Р.Македонија да почне конечно да чекори напред кон просперитет, кон поинаков
начин на функционирање се со цел и граѓаните и државата имаат вистински
благодет и корист од институциите на системот“, рече Спасовски.
Како што информиравме пред малку за претседател на Комисијата е избран координаторот на пратеничката група од ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.
