Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ објави дека инсталирале антикорупциска платформа со име „МИЦКО“ и ги повика граѓаните да ја користат.
„Платформата е посветена на истражување и архивирање јавно достапни материјали и извештаи за наводни корупциски операции во Македонија.

Ние ги собираме, анализираме, организираме сите информации од различни извори како би обезбедиле транспарентност и информираност на граѓаните, на јавноста.

Што правиме? Истражуваме случаи. Длабински прегледуваме тендери, медиумски објави или случаи на корупција, вклучително и проверени судири на интерес и останати сомнителни операции во политиката, јавниот сектор, локалните и државните институции.

Ги архивираме податоците, креираме регистар на наводни случаи со наведени извори, датуми и релевантни детали, овозможувајќи лесен пристап и пребарување.

Промовираме транспарентност: Делиме анализи и известувања како граѓаните но и новинарите, експертите, невладините организации можат да дадат придонес“, објави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

Тој додаде дека на платформата против корупцијата веќе се објавени досегашните т.н. „бомби“.

„Од денеска платформата е активна и целосно оперативна, на ваше располагање. Ги повикуваме сите граѓани, невладини организации, истражувачи, новинари, медиуми, да ни се приклучат. На платформата има можноста граѓаните да пријават корупција и криминал - директно.

Има посебен дел, простор за да се внесат информации и директно да се прикачат документи. Секој граѓанин може да пријави, дури и анонимно“, рече Димитриевиќ.



Слично

Поврзани вести