Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСM: Претходната власт беше неспособна да го изгради новиот Клинички

СДСM: Претходната власт беше неспособна да го изгради новиот Клинички

СДСМ како партија на власт која го презеде проектот за изградба на нов Клинички центар лоциран во Бардовци ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека потфатот бил многу скап и дека се наоѓа на несоодветна локација во општина Карпош.

- За разлика од досегашните долгогодишни одложувања и неспособноста на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ да изградат нов Клинички центар, сега се презема конкретен чекор за реализација на овој капитален објект кој ќе овозможи интегрирани здравствени услуги за граѓаните, сооптија денеска од СДСМ.

Новата локација од 84 хектари овозможува изградба на современ Клинички центар, нов Медицински факултет, Истражувачки центар, како и кампус за сместување на студентите по медицина. На тој начин се добива еден функционален и сообраќајно поврзан мал медицински град, и трајно се решава потребата од инетгрирани здрасвтвени услуги за сите граѓани на Република Македонија, се вели во соопштението на СДСМ и се додава дека со ова граѓаните ќе добијат капитален проект којшто ќе го реши проблемот со здравствените услуги за следните неколку децении. Изградбата на новиот Клинички центар во вредност од околу 420 милиони евра станува највисока и најзначајна инвестиција во здравството во историјата на независна Македонија.

- Досегашниот проект за изградба на Клинички центар на постојната локација не е најдобрата опција за понатамошно функционирање на Клиничкиот центар, бидејќи не е возможно да се потигне добро сообраќајно и паркинг решение, а во скора иднина ќе се јави потреба за дополнителни инвестиции во санација на останатите дотраени згради во Клиничкиот центар. Со тоа, новиот проект за изградба на нов Клинички центар во општина Карпош, на долг рок е поветин и поефиксен, соопштија од СДСМ.

- За разлика од ВМРО-ДПМНЕ којашто го опустоши здравството и неколкупати ја одлагаше изградбата на Клиничкиот центар, Владата предводена од СДСМ останува силно посветена во градењето на квалитетен, модерен и ефикасен здравствен систем кој обезбедува навремени и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани, велат од владејачката партија.


Слично

Поврзани вести