СДСМ предупредува: Се формира нова партија со Саша Богдановиќ како можен претседател
СДСМ дене спреку соопштение за јавност информира дека ќе се формира нова партија - Српска демократска лига, која ќе биде, како што велат од таму, под влијание на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
- Бидејќи ЗНАМ веќе се разитнува, ВМРО подготвува ново „движење“ кое треба да прерасне во уште една нивна сателит-партија во Македонија за да се збунат гласачите и да се ситни опозицијата.
Copy-paste сценарио преземено од Вучиќ за раситнување на опозицијата и создавање контролирани политички структури, односно контролирана опозиција.
Станува збор за т.н. Српска демократска лига, која ќе биде директна копија на Српската лига – партија со изразен проруски наратив и отворена поддршка на Русија, сметаат од опозициската партија.
Од таму додаваат дека поранешниот градоначалник на Центар и член на СДСМ, Саша Богдановиќ, најверојатно ќе биде претседател на партијата.
- Во оваа конструкција, од ЗНАМ се издвојува Саша Богдановиќ како можен претседател, поради неговите директни врски со СНС, со задача да ја преземе улогата која досега ја имаа ЗНАМ и Стоилковиќ, познат по средбите со „Ноќните волци“ на Путин.
Паралелно, за уште едно движење се водат разговори и со други поединци-квислинзи од редовите на СДСМ, уценети или купени, со директна финансиска поддршка од ВМРО.
Целта е едноставна и јасна: раздробување на гласовите и слабеење на единствената вистинска опозиција – СДСМ, гласи соопштението на СДСМ.
Слично
