Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја одблокираат работата на Собранието

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја одблокираат работата на Собранието

Опозиционерите денеска ги повикаа своите колеги од владеачкта партија да ја одблокираат работата на Собранието, наместо да штитат криминали.

Од СДСМ велат дека ќе биде избран нов претседател на Собранието и тој потоа веднаш ќе го извести Ѓорге Иванов дека има парламентарно мнозинство од 67 пратеници, за да му го даде мандатот на лидерот Зоран Заев кој ќе ја формира новата реформска Влада на граѓаните на Македонија.

„Maкедонија ќе биде правна држава. Ќе има темелни реформи во судството и обвинителството и ќе има правда за сите!

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ затоа ги кочат демократските процеси во Парламентот. Тие мислат дека така можат да го заштитат раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за правените криминали на штета на граѓаните, изминатите 10 години.

Ниту Никола Груевски, ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои си реплицираат сами на себе во Собранието, погазувајки го сопственото достоинство, нема да ги спречат промените и правдата“, соопштија од СДСМ утрово.

Тие потсетуваат дека граѓаните не сакаат недостижна правда, зашто таа им следува по Устав и закон. Судството и јавното обвинителство во голем дел ја штитеа корупцијата на највисоките нивоа во досегашната власт.

„Потребна е Влада која ќе ги ослободи судството и обвинителството чија основна обврска е заштитата на основните човекови права. Во Програмата, новата реформска Влада на унитарна Македонија се обврзува дека ќе спроведе темелни реформи во оваа област и ќе обезбеди независно судство“, велат од партијата на Заев.

Слично

Поврзани вести