ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Пожари беснеат на сите страни, ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност

СДСМ: Пожари беснеат на сите страни, ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност

Пожарите беснеат на сите страни – ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност. Ситуацијата со пожарите во земјава е алармантна: над 50 пожари се регистрирани за едно деноноќие, веќе со денови гори на планините и во шумите, пожари има во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Желино, Македонски Брод..., велат од СДСМ.

„Над 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се изгорени, претворени во пепел. Наместо брза, координирана и силна реакција, владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа катастрофлана неспособност во справување со пожарите. Се доцни со интервенцијата на терен, со што се дозволува пожарите да земат огромен замав, нема нова опрема, нема доволен број на пожарникари, нема доволно лица на теренот“, стои во соопштението на СДСМ.

Опозицијата вели дека иако власта ветувала дека оваа година биле најспремни за пожарите и нема да дозволат да земат замав, се покажало дека се било голема лага.

„Нема нови противпожарни возила, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше купивањето службени мобилни телефони за дури 7 милиони евра. Колку противпожарни возила можеа да се купат со 7 милиони евра? Нема нови системи и авиони за гасење пожар затоа што власта се расфрлаше со парите на граѓаните за приватни летови, за скапа морска храна, папаја и манго. Нема вработување на нови пожарникари, нема зголемување на платите на пожарникарите затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беа партиските списоци за вдомување на партиските членови“, реагираат од партијата.

СДСМ посочува и дека ВМРО-ДПМНЕ ги одбива сите нивни предлози.

„Последно, во Собранието ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа ниту амандманите на СДСМ со ребалансот да се обезбедат повеќе пари, 500 милиони денари за зголемувањето на бројот на пожарникарите, за зголемување на нивните плати, како и набавка на нова опрема. Страшно, жално и крајно неодговорно е однесувањето на Владата кон целата состојба со пожарите“, соопштуваат од СДСМ.

ad
Слично

Поврзани вести