Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ повторно вети социјална пензија за сите

СДСМ повторно вети социјална пензија за сите

СДСМ продолжува со потсетување на мерките од својата изборна програма за која се надева дека ќе може да ја спроведе ако биде дел од власта, па затоа сега ветува дека секој граѓанин ќе има добива пензија.

„Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија. Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија. Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија. Граѓаните над 65 години независно дали ги исполниле условите за пензија или не учествувале во градењето на нашето општество и секој од нив заслужува да имаат достоинствена старост“, соопштуваат од СДСМ.


Слично

Поврзани вести