Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките

СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките

СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси, соопшти денеска владеачката партија, откако МВР соопшти дека од утре нема да важат овие документи ниту за внатрешна употреба доколку не се обновени со новото уставно име.

„Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста.

Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание.

Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог.“, повика Дарко Каевски од СДСМ.

Доцна синоќа по ова прашање реагираа и претседателот Стево Пендаровски и поранешниот министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор, Никола Димитров, а за законски измени повика и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Слично

Поврзани вести