СДСМ побара Владата да ја превземе Универзална сала
СДСМ до претседателот на Советот на Град Скопје достави варање за дополнување на дневниот ред за 26тата седница на Советот.во која се бара Универзална сала да прејде во владение на Владата.
„Поднесуваме Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија. Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи.
За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.
Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори“, информира СДСМ.
Од таму ги повикуваат и советниците од сите останати советнички групи да ја поддржат оваа иницијатива, со цел, како што велат, реконструкцијата на Универзална сала да заврши што побрзо и овој објект повторно да им биде вратен на скопјани.
„Ние како советничка група продолжуваме да бидеме конструктивна опозиција во Град Скопје која се бори за интересите и потребите на градот и сите негови жители.“, стои во соопштението на СДСМ.
