Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ и Левица да превземат нешто за загадениот воздух во Скопје

СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ и Левица да превземат нешто за загадениот воздух во Скопје

СДСм ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Левица поради намалување на средствата во градскиот буџет предвидени за редуцирање на загадувањето на воздухот во главниот град.
„Додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %.

Во 2022 година во буџетот беа предвидени 88 милиони денари, а за оваа година сумата е речиси преполовена, на само 49 милиони денари.

Таков е буџетот на Град Скопје којшто со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и во кој парите за заштита на животната средина се намалени за 44 проценти“, гласи реакцијата на владеачката партија.

Соопштението на СДСМ следува откако Скопје изминатите денови се најде на листата меѓу најзагадените градови во светот.

„Ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите коишто се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваковиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот“, додаваат од партијата.

Власта и опозицијата со години си ја префрлаат топката за тоа кој е одговорен за високата загаденост за време на зимските месеци, особено на главниот град.

Слично

Поврзани вести