Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: По вторпат ќе плаќаме за иста пруга

СДСМ: По вторпат ќе плаќаме за иста пруга
Владата не успеа да го сочува она што е претходно изградено и повторно за истите проекти позајмува огромни суми пари, обвини опозициската СДСМ. Партијата реагира на најавите од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дека со 40 милиони евра ќе се финансира пругата Куманово-Бељаковце. „Владата на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го сочува ниту она што претходно се изгради. Еве каква е сегашната состојбава на оваа претходно целосно изградена делница од Куманово до Клечовце: разграбани, уништени и однесени шини, затеги, стабилизатори, бетонски подлоги. Денеска имаме комплетно уништена линија која беше изградена и за која еднаш се потрошени пари“, изјави Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Тој додаде дека и граѓаните подолг период апелирале да се сочува веќе изградената пруга, но безуспешно.
Слично

Поврзани вести