Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: По 2.000 евра за матурант, целосно бесплатни студии

СДСМ: По 2.000 евра за матурант, целосно бесплатни студии

СДСМ објави дека во програмата „Твоја држава, твоја шанса“ за младите ќе доделува стимулативни мерки како 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан.

„СДСМ во својата Платформа “Твоја држава, твоја шанса“ има мерки кои создаваат шанса за младите да живеат и градат кариера во својата татковина:

-2.000 евра ваучер за секој матурант за обуки во програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии - за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места.

-Целосно бесплатни студии на државните универзитети - знаењето не е привилегија, туку право.

- Затоа гарантираме работа, пракса или обука во рок од четири месеци за секој млад човек од 18 до 25 години. Праведно е младите да бидат поддржани веднаш по завршување на образованието.

-30.000 евра грант за отворање сопствен бизнис за младите кои ќе се вратат дома - за да градат кариера тука и да придонесуваат во домашната економија.

Целосно ќе го укинеме данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан. Првиот дом не смее да биде луксуз.

Евтини станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години и 5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот“, објави СДСМ.


Слично

Поврзани вести