Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

СДСМ го обвини министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека под негово раководење на ресорот се случиле досега пет убиства кои не се расчистени.

Ваквата реакција доаѓа откако кај селото Орман бил пронајден бизнисменот Чедомир Радомировиќ со повреди на главата пред да почине на пат кон болница.

„Состојбата со убиствата станува алармантна, а безбедноста на граѓаните е во ризик поради постојаните пукања. Македонија станува сцена од каубојски филм каде убиствата и уличните пресметки се секојдневие. Најстрашно е што нема разрешница на ниедно убиство во последните шест месеци откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР.

Во овој период од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со МВР имаше пет убиства и три обиди за убиства и на ниеден случај нема разрешница. Нула проценти е ефикасноста во истрагите.

Оваа неспособност на МВР е загрижувачка и ги охрабрува криминалците. Додека (Христијан)  Мицкоски се сили како наводно криминлаците се плашеле од него, државата заличува на предградие на мексикански град каде владеат картелите.

Само пред две недели се случи последното убиство во Тетово за кое од тогаш не слушнавме ништо од МВР, освен празните соопштенија дека задржале некого на разговор.

За потсетување, се уште нема епилог од 1 јули кога имаше пукање во Батинци кон автомобил во кое загина едно лице. Второ, нема никаков епилог и во фамозниот случај во кој во Железара матичниот 67-годишен лекар Ацо Трпковски беше пронајден избоден на паркинг пред поликлиниката.

Нема никаква разрешница ниту за убиството во Горно Блаце од февруари годинава. Нема никакво решение или епилог за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново кон кој беше пукано од возило. Листата е предолга за да се набројат сите случаи“, реагира СДСМ.


Слично

Поврзани вести