ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Пензионерите ќе бидат оштетени, владата им подготвува историска измама

СДСМ: Пензионерите ќе бидат оштетени, владата им подготвува историска измама

Опозициската СДСМ реагира на владината одлука, пензиите да се зголемат на два пати по 1.000 денари.
„Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари. Пензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година. Денес ќе ја изложиме целосната пресметка и фактите за македонските пензионери да разберат за каква манипулација се работи“, велат од СДСМ.
Од таму посочуваат дека според актуелниот закон, пензиите требало да пораснат многу повеќе.

„Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите и трошоците за живот. Ако Владата не го менуваше законот и се водеше по услогласувањето, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5%. Што значи тоа? За пензија од 20.000 денари зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како што сега со линеарното зголемување. Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари. За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку. За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000. И така редоследно секој пензионер губи од пензијата.


ad
Слично

Поврзани вести