Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Партиски членови осомничени за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Партиски членови осомничени за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ објави дека отворена предистражна постапка од страна на Управата за финансиска полиција се води кон членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се сомничат за нелегално финансирање политичка партија. 

„Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и таткото на пратеникот Јован Јаулески препродавале ниви во реонот на општина Делчево“, соопшти СДСМ, кој додава дека на таков начин партијата нелегално се финансирала во изборен период.

Од „Бихаќка“ прашуваат дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ и дека не е првпат партијата предводена од Христијан Мицкоски да се финансира на нелегален начин. 

„Истрагата на Управата за финансиска полиција и другите надлежни инситуции треба да ги даде сите одговри. Денес никој не е над законите, за секој за кого ќе утврди одговорност за овој случај, мора да следува соодветна одговорност согласно законите“, се додава во соопштението на СДСМ.

Засега единствено што е познато е дека Управата за финансиска полиција повикала луѓе на разговор и иницирала одземање на мобилните телефони, а одредени извори велат дека се работи за продажба на земјиште од 1,5 милиони евра за една енергетска компанија во предизборен период.

Слично

Поврзани вести