СДСМ: Палењето слики на политички лидери е напад врз демократијата
СДСМ упати осуда за денешното палење на фотографијата на премиерот Зоран Заев на протестот во Мелбурн од страна на група демонстранти од дијаспората кои го прогласија за предавник.
„Палењето фотографии од политички лидери не е чин на напад врз личност, туку напад врз демократијата и демократските вредности, но граѓаните не дозволуваат омразата и гневот на поединци да и наштетат на државата и нејзините интереси. Република Македонија ја победи омразата, стави крај на поделбите и одбра да оди напред како модерна, демократска држава и како општество еднакво за сите“, велат од СДСМ.
Граѓаните на Македонија, додаваат од партијата, поддржаа политики на пријателство и соработка преку кои се решаваат проблемите и отворените прашања на државата, а благодарение на таа поддршка и тие политики Македонија наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО, а потоа и на ЕУ.
